Директорката на Онкологија: Клиниката функционира нормално, течат редовните прегледи

од Stefanija Kuzmanovska
201 прегледи

Универзитетската Клиника за онкологија и радиотерапија функционира нормално. Во моментов течат редовни прегледи, се дава континуирано терапија и третмани за пациентите, информирала директорката на Клиниката, Виолета Клисарова, за МИА.

За останатите информации поврзани со претресите кај лица кои се сомничат дека се поврзани со случајот Онкологија, Клисарова упатила на надлежните институции кои ги водат овие процеси.

Од утринава се вршат петреси кај лица за кои постои сомнеж дека се поврзани со случајот Онкологија. Претресите се по наредба на јавен обвинител, а повеќе детали, надлежните институции најавуваат во текот на денот.

Слични содржини