Директорката на Царина: Немаме електронска евиденција на автобусите на Беса Транс

од Nikola Popovski
511 прегледи

Во патниот лист има евидентирано 50 лица, додека во листата се 51 плус возач. Има некои информации за 52 лица. Сепак, не знаеме дали меѓу тие е и вториот возач, според списокот што го имаме, вели в.д. директорката на Царинската управа, Славица Кутиров во емисијата „24 анализа“.

Според неа, исто како и кобниот автобус, истата вечер поминале уште 3 автобуси на Беса транс и за нив немаат евиденција во системот.

-Имаме сочувано патен лист, интербус и патна листа и тоа е уште една пртичина дека имало одредено несовесно постапување, однсно немало соодветна евиденција согласно процедурата. Тоа не значи дека не е побарано, бидејќи самата постапка предвидува дека превозникот е должен да приложи одреден сет на документи. Еден од тој извод од лиценца. Царинските службеници тврдат дека ги побарале. Единствено недостасува електронската евиденција во системот, информира Кутирова.

Слични содржини