Директорот на ЈСП: Да се види колкав е реалниот долг кон приватните превозници, па потоа да се подмири

од Vladimir Zorba
183 прегледи

В.д. директорот на Јавното сообраќајно претпријатие Александар Стојковски во интервју за МИА вели дека долгот кон приватните превозници го наследил кога стапил на функцијата пред шест месеци.

Смета дека треба да се подмири, но најпрво да се утврди колкав е реалниот долг откако ќе заврши увидот направен од Финансиската полиција и Управата за јавни приходи.

– Со моето стапување на функцијата пред шест месеци во ЈСП, имаше долг кон приватните превозници. Во моето тековно работење, сите доспеани фактури што ни беа доставени од приватните превозници, се редовни исплаќани. Се работи за заостанат долг, којшто ние сакавме тековно пополека да го затвориме. Последната уплата е на 8 ноември. Последниот период направивме анализа, што мислам дека е обврска на секој директор кога ќе дојде да направи комплетна функционална и финансиска анализа на работењето на едно претпријатие. Дојдовме до сознанија дека последните пет години приватните превозници не уплаќале, односно не задолжувале никакви карти, а тоа е нивна обврска којашто е договорена односно јасен е член 5 од договорот меѓу ЈСП и приватните превозници, посочува Стојковски.

Слични содржини