Директорот на „8 септември“ за Локално: Пациентот кој скокна од прозорец беше под психијатриска опсервација

од Берта Китинска
563 прегледи

Директорот на Градската болница „8 септември“, Кристијан Костов за „Локално“ изјави  дека  70-годишнниот пациент кој скокнал од прозорец од првиот кат на болницата бил во тешка состојба и под психијатриска опсервација.

„На ден 10.02. 2012 година, пациент хоспитализиран на интензивна нега во ГОБ „8 септември“, А.Ц, роден 1950 година, во тешка состојба и под психијатриска опсервација, и покрај сите превземени мерки, во утринските часови скокнал од прозорец од прв спрат. И покрај превземените реанимациони постапки, од страна на дежурна екипа во 7 и 30 часот е констатирана смрт. Известени се сите надлежни инситуции. МЗ, МВР, Јавен обвинител, ДСЗИ,  соопшти Костов.

Слични содржини