Свикана итна Седница на Комисијата за надзор над работата на Агенцијата за национална безбедност и Агенцијата за разузнавање со единствена точка на дневен ред „Улогата на АНБ во безбедносната проверка на лицето Александр Онишченко при давањето на позитивно мислење за добивање македонско државјанство“.
– Комисијата ќе се одржи во среда 16.11.2022 и на истата е повикан директорот Виктор Димовски, информира пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Љупчо Пренџов.
Македонскиот јавач Онишченко е ставен на американската црна листа поради попречување на демократијата, но две години подоцна Владата во Скопје му доделува еквестријан државјанство.
Агенцијата за национална безбедност оценила дека Онишченко не е безбедносна закана за Македонија.
„При издавањето на тоа државјанство на Олександр Онишченко биле прибавени сите позитивни мислења од сите релевантни институции согласно со процедурата. Врз основа на тие позитивни мислења Владата донела одлука да додели државјанство“, рече премиерот Димитар Ковачевски во одговор на прашањето зошто му е дадено државјанство на украински политичар кој се товари за проневери и е на црната листа на САД.