Терористичката група “Исламска држава” (ИД) се адаптира кон активностите портив западната коалиција и продолжува да заработува од продажбата на нафта, се вели во изјавата пред сенатската комисија за разузнавање Џон Бренан. Текстот на изјавата на шефот на ЦИА беше дистрибуиран однапред од администрацијата на комитетот.
Бренан посочува дека воздушните напади му нанеле штета на финансирањето на исламистите и сега им се наметнува да ги намалуваат трошоците и да прераспределата на средства. “Исламска држава” сепак се прилагодува и на активностите на коалицијата и продолжува да добива десетици милиони долари месечно, на прво место од оданочување на контролираните територии и од продажба на нафта “, нагласува Бренан.
Директорот на ЦИА наведува дека “за жал, независно од целиот напредок на бојното поле и во економската сфера, нашите напори не ги ублажија можностите на групата да врши терористички акти и да дејствува низ целиот свет”. Шефот на американската разузнавачка завод истакнува дека на терористите им се потребни “незначителни ресурси” и за да биде ослабена “Исламска држава” треба таа да биде истуркана од нови територии, да биде лишена од извори на приход и да се скрати бројот на нивните борци . Пред тоа, за време на слушање во Конгресот заменик-министерот за финансии Даниел Гласр кој одговара за борбата против финансирањето на тероризмот, соопшти дека приходите на “Исламска држава” во 2015 година биле околу 1 милијарда долари, од кои половината се од трговија со нафта. Гласр посочи дека “350 милиони долари годишно” ИД “добива од оданочувањето на локалното население со даноци и од финансиска и стопанска активност во контролираните територии”.
НА средбата со директорот на ЦИА се нагласува фактот дека “ИД” располага со доволно диверзанти кои може да бидат префрлени во западните земји. “ИСис” располага со голем контингент борци од западни земји кои потенцијално можат да бидат употребени за извршување на терористички акти на Запад “, предупредува Бренан. Тој претпоставува дека исламистичките милитанти веќе почнаа со работа на оваа компонента и можат да го користат потоците бегалци од Блискиот Исток кон Европа.
– За да го компензира губењето територии, Исламска држава ќе се фокусира на герилска тактика, вклучително и големи напади вон териториите што се под нивна контрола, изјави Бренан пред Комитетот на САД за разузнавачки активности.
Според негови оценки, десетици илјади џихадисти на ИД се ширум светот, повеќе отколку што Ал Каеда имала кога била најмоќна. Шефот на ЦИА е загрижен поради тоа што Либија се повеќе станува база за операции на ИД и што таа џихадистичка организација таму има меѓу 5.000 и 8.000 борци. Тој додаде дека и бројот на борци во Ирак и Сирија е меѓу 19.000 и 25.000.
Бренан ги издвојува филијалата на “ИД” во Либија како еден од најдобро организираните и опасните. Истовремено, според проценката на ЦИА, единица на “ИД” во Синај станале “најактивна терористичка група во Египет”. Бренан ја нарекува “ИД” “опасен непријател”, но предвид го има и напредокот на предводена од САД антитерористичка коалиција. Директорот на ЦИА е на мислење дека “групата е уште далеку од целите кои си ги стави при прогласувањето на калифат пред две години”. / ТАСС, РИА Новости