Директорот на ЦИА му се јави на рускиот колега: Немаме врска со бунтот!

од Vladimir Zorba
462 прегледи

Директорот на ЦИА, Вилијам Барнс, му се јавил на шефот на руското разузнавање Сергеј Наришкин по прекинатиот бунт во Русија минатата недела, за да го увери Кремљ дека САД не се вмешани, објавија во петокот „Њујорк Тајмс“ и „Волстрит журнал“.

Телефонскиот разговор на Бернс со Наришкин, директорот на руската разузнавачка служба СВР, се случил оваа недела и бил контакт на највисоко ниво меѓу двете влади по обидот за државен удар, објави „Волстрит журнал“.

Водачот на платеничката група „Вагнер“, Евгениј Пригожин, го шокираше светот со водењето на вооружен бунт минатата недела, кој ненадејно го прекина кога неговите борци се приближија до Москва.

Американскиот претседател Џо Бајден изјави во понеделникот дека краткото востание на руските платеници против Кремљ е дел од борбата во рускиот систем и дека САД и нивните сојузници не се вклучени.

Слични содржини