245
Директорот на украинската државна компанија за нуклеарна енергија „Енергоатом“, Петро Котин, денеска изјави дека ја презема контролата над нуклеарната централа во Запорожје и ги повика работниците во електраната да не потпишуваат никакви документи со руската страна.
Котин ова го изјави во видео-обраќање објавено на Телеграм, и покрај најавата на Русија дека ќе ја следи работата на нуклеарната централа, пренесе „Ројтерс“.
„Сите понатамошни одлуки во врска со работата на нуклеарната централа ќе бидат носени директно во седиштето на Енергоатом“, рече Котин.