Директорот на „Идризово“: Во затворот можно е партиските обележја да се внесени преку пакети со храна

од Берта Китинска
405 прегледи

Директор на затворот „Идризово“ Боби Мојсоски во „Утрински брифинг“ на „Слободна ТВ“ брифираше за видеото и фотографиите кои се прошири деновиве каде што затвореници повикуваат да се гласа за политичка партија.

-Го осудувам чинот на партиски активности, доколку ги имало во затворот. За оние кои би требало да се грижат тоа да не се случува, доколку се докаже ќе бидат санкционирани, рече Мојсоски.

Тој објасни како е можно да се внесени партиските обележја.

-Два телефони се одземени. Можно е партиските обележја да се внесени преку пакети со храна или пак ги има од претходно, истакна Мојскоски.

Слични содржини