Директорот на Интер: Меси не доаѓа

од Vladimir Zorba
437 прегледи

Спортскиот директор на Интер, Пјеро Аусилио изјави дека фудбалскиот клуб е близу до доведување на капитенот на репрезентацијата на Србија, Александар Коларов.

„Голема е шансата да го донесеме Коларова“, изјави Аусилио за италијански „Скај“.

Според Аусилио, желба на Интер е и Артуро Видал од Барселона.

„Што се однесува до Видал, тој е играч што го сакаме. Но, тој е член на Барселона и ние ја следиме ситуацијата. Ако има можност да го донесеме, ќе ја искористиме“, рече тој.

Кога станува збор за Лионел Меси, Аусилио рече дека Интер не размислува за него.

„Не размислуваме за Меси. Јас дури и не знам од каде тие луди шпекулации. Секако, секој клуб во светот би посакал таков играч, но реалноста и фактите се различни“, рече Аусилио.