Директорот на Интер зборуваше за Ериксен и неговата иднина во клубот

од Stefanija Kuzmanovska
415 прегледи

КРИСТИЈАН ЕРИКСЕН следната недела ќе се врати во Милано каде ќе ги мине медицинските прегледи за да се утврди неговата здравствена состојба откако доживеа срцев удар за време на натпреварот помеѓу Данска и Финска на Европското.

Да потсетиме, Ериксен се сруши за време на натпреварот во Копенхаген. Со брза интервенција на лекар, животот му беше спасен, а тој се опоравуваше шест дена во клиниката од која беше ослободен по закрепнувањето по операцијата, по која му бил вграден дефибрилатор. Добро се опоравил и според последните информации се чувствува добро.

Што ќе се случи со продолжението на неговата кариера не е познато. Серија „А“, според протоколот ажуриран во 2017 година, ги забранува настапите на фудбалерите со вградени дефибрилатори, поточно им забранува на сите спортисти во контактните спортови. Ериксен се уште е договорно обврзан со Интер и не изгледа веројатно дека тој ќе продолжи да игра за тимот. Другите лиги немаат такви забрани.

Исто така, Интер веќе го донесе Хакан Чалханоглу како играч кој треба да го замени Ериксен на теренот. Првиот човек на клубот, Џузепе Марота, сега зборуваше за ситуацијата.

„Имаме голема почит кон Кристијан, прво како човек, а дури потоа како фудбалер. Се надеваме дека тој целосно ќе се опорави. Тогаш ќе ги процениме работите од спортски аспект. Во моментов тие ни се чинат помалку важни“, рече Марота.

Ериксен ќе пристигне во клубот следната недела за да се сретне со новиот тренер Симоне Инзаги и да се збогува со соиграчите. Нема да смее да тренира. Потоа ќе оди на тестови за да види дали може да му се извади дефибрилаторот.

Слични содржини