Директорот на јавното претпријатие „Камена река“ позитивен на Ковид 19

од Берта Китинска
429 прегледи

Влатко Андоновски, директорот на јавното претпријатие „Камена река“ од Македонска Каменица, на својот Фејсбук профил објави дека е позитивен на Ковид-19.

– Чуствувам одговорност да Ве информирам дека по направениот тест за Ковид 19 сум позитивен.Во сабота имав одредени симптоми по што во разговор со матичниот лекар одлучивме да се тестирам, за жал излезе позитивен, следуваат денови на изолација и борба која заедно со мојата фамилија знам дека ќе ја добиеме.Апелирам до сите вас и при најмали симптоми да се консолтирате со вашиот лекар, бидејќи само така ќе го спречиме ширењето на оваа болест, НЕМОЈТЕ ДА ПРЕВЗЕМАТЕ НИШТО НА СВОЈА РАКА, оставете тоа да го прават стручните лица за вас. Останете во добро здравје и почитувајте ги мерките, напиша Андоновски.

Адоновски симптомите ги почувствувал во саботата, а истиот ден остварил средба со премиерот Зоран Заев, министерот Венко Филипче и вицепремиер, Љупчо Николовски на „Денот на рударите“.

ПочитуваниЧуствувам одговорност да Ве информирам дека по направениот тест за Ковид 19 сум позитивен.Во сабота имав…

Публикувахте от Vlatko Andonovski в Вторник, 1 септември 2020 г.

 

Слични содржини