Јувентус не потроши многу на трансфер пазарот во последните два прозорци, иако го доведе трансфер гуруто на Наполи, Кристијано Џунтоли, со задача да го обнови лицето на тимот. Извршниот директор Франческо Калво, кој извесно време ја водеше трансфер политиката на „бјанконерите“ заедно со спортскиот директор Џовани Мана пред доаѓањето на Џунтоли, ја коментираше финансиската состојба и целите на Јувентус.
„Ова може да се каже дека е нулта година за нас по сите пресврти што го снајдоа клубот. Нашата цел е да ги стабилизираме приходите, имајќи предвид дека нашето неучество во Лигата на шампионите не чини близу 100 милиони евра, плус 15 повеќе од минатата сезона по нашето рано испаѓање. Резултатите што ги постигнуваме во однос на привлекување на млади таленти во тимот и благодарноста на брендот Јувентус на социјалните мрежи не прават да имаме големи очекувања за иднината. Доколку спортските резултати се позитивни, нашиот пат ќе се забрза“, изјави Калво за „Il Sole 24 Ore“.
Калво нагласи дека инвестициите во тимот на Next Gen не се намалени, иако тимот беше ремонтиран минатото лето. Неколку клучни играчи заминаа да играат во Серија Б. Концептот останува клучен за раководството. Младите се исплаќаат поради нивните ниски плати, амортизација и потенцијална профитабилна продажба во иднина.
Јувентус ангажираше само тројца првотимци во последните шест месеци: Тимоти Веа, Тиаго Џало и Карлос Алкараз за вкупно речиси 17 милиони евра. Аргентинецот пристигна од Саутемптон на почетна позајмица и многу висока опција за купување.