Директорот на кичевската библиотека доби кривична пријава поради спорната табла на албански јазик

од Nikola Popovski
326 прегледи

МВР поднесе кривична пријава против директорот на Центарот за култура во Кичево, Мазлам Османи, откако се потврди дека во оваа установа поставена е информативна табла, на која само на албански јазик е напишано Republika e Shqiperisё, со знамето на Албанија.

Тој се сомничи за кривично дело „повреда на угледот на РСМ“.

„ Пријавата е поднесена поради сомнение за сторено кривично дело повреда на угледот на Република Северна Македонија. Лицето на 25-ти март како директор на Центарот за култура „Кочо Рацин“ дозволил во просториите на библиотеката да се постави табла каде што се истакнати име и грб на странска држава со натпис на албански јазик. Притоа воопшто не биле истакнати името, грбот или знамето на Република Северна Македонија, како ни обележја на општина Кичево или на Министерство за култура“, соопштуваат од МВР.

Библиотеката се наоѓа во просториите на Центарот за култура.

Слични содржини