Комерцијална банка АД Скопје преку Македонска берза информира дека Хари Костов , главен и извршен директор и претседател на Управниот одбор на Комерцијална банка се стекнал со 1000 обични акции издадени од Комерцијална банка ад Скопје
Според последните информации за пазарната цена на акциите во Комерцијална, Хари Костов за акциите платил 120 илјади евра.
Со оваа нова инвестиција, долгогодишниот директор на банката, Костов се повеќе го зголемува својот влог во Комерцијална банка АД Скопје, иако тој не поседуваше повеќе од 5 % од акциите во банката.
Инаку, Хари Костов кој повеќе од 20 години раководи со Комерцијална банка постојано вложува во акции.
Комерцијална банка лани годината ја заврши со одлични резултати од работењето. Банката од 01.01. 2020, до 31.12. 2020 со своето работење оствари нето добивка во износ од 1, 9 милијрди денари или 31 милиони евра.