Директорот на косовската полиција на средба со заменик министерот за внатрешни работи Буши и директорот на БЈБ, Тасевски

од Radmila Tasevska
224 прегледи

Во работна посета на Министерството за внатрешни работи на Република Северна Македонија/Биро за јавна безбедност денеска бил генералниот директор на полицијата на Република Косово, Газменд Хоџа придружуван од соодветна делегација на косовската полиција, соопшти МВР.

За време на посетата, Хоџа остварил средба со заменик министерот за внатрешни работи Назим Буши, по што била одржана билатерална средба со директорот на Бирото за јавна безбедност при Министерството за внатрешни работи на Република Северна Македонија, Сашо Тасевски.

На средбата, стои во соопштението, се разговарало за меѓусебната соработка, којашто се спроведува во текот на изминатите години, со заложби да продолжи на уште повисоко ниво и во иднина, што ќе придонесе за зајакнување на безбедноста на граѓаните на двете земји, како и за економскиот просперитет.

– Како главни теми на средбата беа образложени полициската соработка во борбата против прекуграничниот и организиран криминал, заедничките истраги, прекуграничната соработка и соработката во делот на заеднички обуки, што има за цел унапредување на полициските капацитети на двете земји. Притоа беше нагласена и заедничката улога на полициите на двете земји во меѓународната соработка, се додава во соопштението од МВР.

Генералниот директор на полицијата на Република Косово за време на еднодневната посета го посетил и Центарот за обука Идризово.

Слични содржини