Директорот на Леверкузен за трансферот на Вирц во Баерн: Нормално дека не сакаме да ја засилиме конкуренцијата

од Vladimir Zorba
23 прегледи

Извршниот директор на германскиот шампион Баер (Леверкузен) Фернандо Каро проговори за шпекулациите за можен трансфер на големата ѕвезда на „аспирините“ – Флоријан Вирц во Баерн (Минхен).

„Се подразбира дека не сакаме да ги засилиме директните конкуренти во нашата лига со врвни играчи. Инаку, ова директно му го кажав и на Јонатан Та. Разбирам ако сакате да заминете, но повеќе би сакал да биде во кој било друг клуб, но не во Германија“, рече Каро на поткастот „Phrasenmäher“.

На прашањето дали ќе вети дека Вирц нема да им се приклучи на Баварците, извршниот директор на Леверкузен рече: „Во фудбалот не можете ништо да ветите. Постои голема можност доколку замине тој да стане најскапиот германски трансфер во историјата, но ние ќе бидеме среќни ако остане засекогаш со нас“.

Вирц има договор со клубот до 2027 година.

Во меѓувреме, за Вирц и неговата физичка состојба зборуваше и спортскиот директор на Баер (Леверкузен), Симон Ролфес, бидејќи пред неколку дена стана јасно дека играчот е повреден.

„Не објавивме дека ќе биде надвор од теренот за мечот со Ајнтрахт. Најавивме дека има проблеми кои сите ги видоа бидејќи мораше да биде заменет на полувремето против Холандија. Затоа вчера не можеше да тренира. Ќе видиме како ќе се развива ситуацијата и дали ќе биде на располагање викендов или не“.

Слични содржини