Директорот на МЕПСО: Двојно повеќе трошиме електрична енергија, отколку што произведуваме

од Nikola Popovski
838 прегледи

Потрошувачката е поголема од производството на електрична енергија, а набавка од добавувачите нема поради поскапените цени на берзата, вели директорот на МЕПСО Куштрим Рамадани.

Тој во интервју за Телма, вели дека двојно повеќе трошиме електрична енергија, отколку што произведуваме.

-Според првичните извештаи, во секој час колку се произведува електрична енергија, еве конкретно за 23 октомври ситуацијата е следна: произведени се 500 мегавати, а конзумацијата е 1 000 мегавати. Ако тука се додаде и увозот, ќе се добие дека 315 мегавати ни фалат во мрежата“, вели Рамадани.

Според него, досега за само еден месец веќе должиме околу 15 милиони евра и дека рестрикциите ќе бидат неопходни, а и зголемувањето на цената на струјата.

-Знаејќи дека МЕПСО од преносната тарифа има вкупен годишен приход од 30 милиони евра, ние кога ќе ги платиме овие 15 милиони евра , ако бидат 15 милиони евра на крајот на месецот, ова ќе биде голем удар врз ликвидноста на МЕПСО. Ние апсолутно ги немаме тие средства на сметка за да можеме да ги исплатиме кон Европа, потенцира Рамадани.

Слични содржини