Директорот на „Михајло Пупин“: Се надевам дека учениците ќе се вратат во училишните клупи каде и припаѓаат

од Stefanija Kuzmanovska
757 прегледи

СЕТУ на Град Скопје „Михајло Пупин“ денес претставува центар на електротехничката струка во Градот Скопје. Тоа може да го заклучиме и по минатогодишнот упис кога запишавме рекорден број на ученици последните најмалку 10 години или во бројки некаде преку 260 ученика или 10 паралелки во прва година носејќи се рамо до рамо со најдобрите гимназии во Градот Скопје, вели во интервју за „Локално“ директорот на средно електротехничко училиште, Димитар Ѓорѓиев.

– Сето тоа е благодарение на профилите што ги нудиме, а тоа се Електортехничар за Компјутерска техника и автоматика, Електротехничар за електроника и телекомуникации, Електротехничар енергетичар и тригодишно образование Електромеханичар и Електричар – Електроинсталатер за електро енергетски мрежи или позната како ЕВН паралелка. Во оваа паралелка се вклучени 6 големи компании кои по завршување на тригодишното образование на сите оние кои не сакаат да продолжат со образованието им нуди веднаш вработување. Морам да истакнам дека носител на сите активности во оваа паралелка е нашиот најголем партнер ЕВН Македонија со кого имаме одлична соработка која секоја година се надоградува. Училиштето денес располага со најпрофесионален кадар и современи лабаратории кои се целосно опремени со се што му е потребно за непречено одвивање на наставата, вели Ѓорѓиев, додавајќи дека полека но сигурно веќе она минато „Коце Металец“ останува во историјата и денес училиштето има еден поинаков лик.

Како ќе се одвиваат уписите за учебната 2020/21 година?

Уписите оваа година, како што кажа Ѓорѓиев, ќе се одвиваат најверојатно по истиот принцип како и лани доколку не добијат други насоки, но поради безбедноста од коронавирусот ќе се придржуваат строго по насоките од надлежните институции.

– Ние како училиште во зависност од временските услови може ќе организираме уписите да бидат во училишниот двор на отворено или пак шалтерски, но ќе бидат запазени сите потребни мерки за заштита на децата, родителите и вработените. Се надеваме на најдобар упис оваа година бидејќи направивме и правиме една одлична промоција и мислам дека и родителите и пред се децата знаат да инвестираат во својата иднина и знаат дека овие профили кој ние ги нудиме моментално се нај барани на пазарот на трудот во европа и светот, нормално и кај нас и се многу добро платени, а за сите оние кој ќе одат на некој од факултетите нудиме основа која многу ќе им помогне на идните студенти затоа што овој кадар на ученици што излегува од „Михајло“ Пупин е готов кадар и подготвен веднаш да работи, објасни тој.

Ќе се намалат ли платите на вработените во училиштата?

– Тоа е работа која не зависи ниту од мене како директор ниту од вработените, но сепак мислам дека во овој период голем број процентуално од професорите се повеќе ангажирани со „on- line“ учењето отколку во редовна настава. „On – line“ наставата е специфична и бара многу ангажирање и труд се разбира за оној што е професионалец и си ја сака работата. Може да биде многу креативна и затоа се губи многу време но се во интерес на учениците, ако се тие задоволни сме ја постигнале целта.

Дали професорите се задоволни од тоа како учениците реагираат на онлајн наставата?

– На почетокот беше тешко но денес мислам дека веќе проблемите се надминати со исклучоци. Моите колеги се задоволни од поголемиот број на ученици но се вложуваат максимално да успеат да извлечат што повеќе знаење или да ги научат оние ученици кои сепак не ја сфатија сериозноста и пристапот на „on- line“ наставата. Се надевам дека на крајот задоволството ќе биде обострано и на училиште и на учениците.

Ќе се одржат ли матурските прослави за учениците кои матурираат годинава откако ќе се олабават мерките?

– Не би знаел да ви одговорам затоа што се уште не се знае како ќе се одвиваат работите. Нашата матурска беше закажана на 18 мај, но се надевам ако брзо пројде сево ова можеби ќе најдеме модул да им организираме на учениците нешто, но да оставиме времето да покаже. Жал ми е што се случи ова и што оваа прослава нема да се одржи во предвидениот рок.

Како ќе се одвива наставата од септември?

– Се надевам искрено дека учениците ќе се вратат во училишните клупи каде и припаѓаат како што било и досега. Нашето училиште е специфично има огромен број на часови практична настава, учениците одат по комапниите  иамаме и фериална пракса и затоа искрено се надевам дека се ќе биде како порано да повторно создаваме кадар како и досега целосно спремни за својата професија која ја одбрале.

Дали има реакции од родителите на учениците во врска со измените кои настанаа во образованието поради пандемијата?

– Соработката со родителите секогаш била и ќе остане на најпрофесионално ниво. Сепак ние сме тука за нивните деца да ги образуваме, да ги насочуваме на правиот пат како и да им ја подигнеме свеста како треба да се однесуваат  и што е тоа што ке ги изгради во личности во кои сите ние ќе се гордееме еден ден. Нема реакции, во суперлативи се зборува како ние како училиште ја организиравме „on- line“ наставата со специјални платформи можеби единствени во Градот со постојана комуникација, со методи на видео конференции, користење на различни платформи навремено и професионално и се надевам дека и учениците и родителите се задоволни од нашиот пристап на работа.

Дали се дезинфицираат просториите во училиштето?

– Да, неколку пати дезинфициравме, се запазуваат сите мерки, училиштето иако празно се одржува во кондиција , морам да го пофалам техничкиот персонал кој е професионален  , училишниот двор е среден  во целост како и внатрешните простории. Ќе ги следиме препораките и ке ги исполнуваме во целост.

Кои се идните перспективи на ова средно училиште?

– Да бидеме центар во регионот, затоа работиме напорно и професионално. Да имаме што повеќе ученици на кои ќе им овозможиме најсоремено учење со нагледни средства по сите предмети кои се најнова технологија, се поголема соработка со нови училишта од регионот, вклучување во многу проекти на наши ученици, кадарот  да се усовршува  со посета на најразлични семинари и да биде во тек со европските стандарди. Инфраструктруно ќе заличиме на европско училиште имаме проекти се надевам на најбрза реализација дисциплината и редот на учениците како и максимално почитување на кодексот . Климата во училиштето ја подигнавме на едно ниво и работиме на истата да ја подигнеме на уште повисоко ниво да имаме задоволни ученици, родители, наставници кои професионално ќе си ги завршуваат своите обврски.

С.К.

Слични содржини