Директорот на ПСЖ најави голема промена: Донарума аут, Шевалие ќе биде прв голман

од Vladimir Zorba
20 прегледи

Ситуацијата околу Џанлуиџи Донарума и останувањето во ПСЖ сега е многу појасна.

Парижаните и италијанскиот голман веќе некое време не можат да најдат заеднички јазик во врска со продолжувањето на договорот за Донарума, а сега дефинитивно е завршено.

Имено, менаџерот на Пари Сен Жермен, Луис Кампос, објави дека Лукас Шевалие ќе биде прв голман следната сезона. Ова би значело дека италијанскиот голман Донарумa ќе бара нов ангажман веќе ова лето.

Договорот му истекува следната сезона, сега е очигледно дека продолжувањето на соработката нема да се случи. Донарума сакаше поголема плата, ПСЖ не беше подготвен да ја плати. Поради оваа причина, ќе има разделба.

За Донарума веќе постои интерес од Премиер лигата. Во трката за неговиот потпис се Челси, Манчестер Сити и Манчестер Јунајтед, но се појавуваат и клубови од Саудиска Арабија.