Директорот на „Рајанер“: Присилното слетување во Минск беше киднапирање со поддршка на државата

од Vladimir Zorba
343 прегледи

Директорот на ирската авиокомпанија „Рајанер“, Мајкл О’Лири, тврди дека инцидентот со авионот на компанијата, кој беше пренасочен во Минск во неделата, бил киднапирање извршен со поддршка на државата.

„Тоа беше случај на киднапирање поддржанo од владата … пиратство спонзорирано од државата“, изјави О’Лири за радиото „Њустсток“. Во исто време, тој забележа дека сè уште не може детално да зборува за инцидентот, бидејќи властите на Европската унија и на НАТО во моментов се занимаваат со ова прашање.

„Го испитуваме нашиот екипаж, кој заврши феноменална работа да го извлече овој авион и скоро сите патници од Минск“, изјави шефот на компанијата.

Според него, инцидентот бил „многу застрашувачки“ за патниците и екипажот, бидејќи тие биле под вооружена стража, а нивните торби биле претресувани.

Директорот на компанијата тврди и дека агентите на белорускиот КГБ биле во авионот на компанијата.

„Веруваме дека уште неколку агенти на КГБ (од летот) се симнаа на аеродромот“, прецизира Олири.

Слични содржини