289
Директорот на руската Федерална служба за безбедност (ФСБ) Александар Бортников денеска изјави дека службата не му дала никакви безбедносни гаранции на американскиот претседател Џозеф Бајден при неговата вчерашна посета на Киев.
„САД ја информираа Русија за посетата на Бајден на Киев преку дипломатски канали. Но, ние не им дадовме никакви гаранции за неговата безбедност“, изјави Бортников.
Тој ова го изјави по вчерашната изјава на заменик-претседателот на рускиот Совет за безбедност, Димитриј Медведев, дека Бајден добил безбедносни гаранции пред ненајавената посета, но не прецизираше кој од руска страна ги дал тие гаранции.