Директорот на Шахтјор: Еден наш вработен е убиен, престанете со ова лудило

од Nikola Popovski
511 прегледи

Уште една жртва на немирите во Украина, овој пат од областа на спортот.

Имено, тренерот на младинците на украинскиот фудбалски великан, Шахтјор Доњецк загинал за време на воената операција на руската армија.

Тажната вест ја потврди и Сергеј Палкин, генералниот директор на украинскиот клуб.

– Еден од нашите вработени вчера беше убиен., поточно тренерот на младинците. Дел од граната го усмрти. Русите убиваат Украинци. Престанете со ова лудило, напиша Палкин.

Претходно беше објавено дека двајца фудбалери и еден биатлонец од Украина го загубиле животот во воената агресија.

Слични содржини