Директорот на Судска медицина: Најмногу тела беа пронајдени кај задната врата од автобусот, која не можела да се отвори

од Nikola Popovski
375 прегледи

Директорот на Судска медицина, Александар Станков вели дека телата на жртвите во автобуската несреќа моментално се во Судската медицина во Софија и дека е во нивен интерес да ни ги предадат што побрзо, затоа што немаат временски капацитети, во кои би се чувале посмртните останки уште долго време.

-На местото на настанот се задржавме час и половина. Баравме некој кој одлучува. Исто така го погледнавме автобусот, но не можеме да извлечеме заклучок зошто дошло до брзо горење. Дека резервоарот дека бил дупнат, па настанало горење се шпекулации засега. Тела имаше насекаде во автобусот. Сепак, најголем дел кај задната врата, која, за жал, не можела да се отвори, вели Станков во интервју за ТВ Телма.

Тој додава дека не се сомнева во работата на бугарските колеги и дека ДНК-примероците се земале сосема коректно, без поголеми проблеми.

Слични содржини