ДИРЕКТОРОТ НА СЗО ОБВИНУВА: Богатите земји ги земаа вакцините, нема доволно за сиромашните!

од Stefanija Kuzmanovska

Директорот на Светската здравствена организација (СЗО) Тедрос Аданом Гебрејесус денес изјави дека постои јасен проблем кај посиромашните земји кои не добиваат вакцина против Ковид 19.

„Богатите земји презедоа најголем дел од испораките“, рече Тедрос во Женева.

Тој ги повика земјите и производителите да престанат да склучуваат билатерални договори на сметка на проектот Ковакс, пренесува Би-Би-Си.

Проектот има за цел да осигури дека луѓето ширум светот ќе добијат пристап до вакцините веднаш штом ќе станат достапни, без оглед на богатството.

Слични содржини