Директорот на СЗО за Европа: На ковид-пандемијата најверојатно ќе и дојде крајот

од Milan1
259 прегледи

Директорот на Светската здравствена организација за Европа, Ханс Клуге денеска изјави дека континентот во моментов најверојатно влегува во крајот на пандемијата и дека кривата на смртни случаи од Ковид ќе почне да стагнира.

Клуге рече дека има „уникатна шанса“ земјите низ Европа да ја преземат контролата врз пренесувањето на ковид поради три фактори: високо ниво на имунизација и минати инфекции, тенденција на вирусот да се шири помалку при повисоки температури и помала опасност од омикронот.

Бидејќи зимата полека опаѓа во поголемиот дел од Европа, Клуге рече дека претстојното доаѓање на пролета „ја отвора можноста за помирен период“, додавајќи дека луѓето ќе бидат поотпорни на вирусот.

Доколку се појави нов вид, Клуге рече дека здравствените власти во Европа треба подобро да се бранат од него со имунизација, како и продолжување на кампањата за вакцинација, заедно со другите интервенции на здравствените установи.

„Ова, сепак, бара драстично и бескомпромисно зголемување на вакцинацијата и дистрибуцијата на вакцини низ Европа и пошироко“, рече Клуге.

Тој процени дека минатата недела во европскиот регион се регистрирани 12 милиони нови случаи на корона, што е најголем пораст од почетокот на пандемијата, а тоа е предизвикано од омикронот.

Слични содржини