Директорот на тетовската болница си поднесе оставка од морални причини

од Nikola Popovski

Со голема болка за секоја жртва и за секое нивно семејство, Ве известувам дека поради оваа морална одговорност што ја чувствувам, поднесувам оставка од функцијата директор на Клиничка болница во Тетово, информира денеска директорот на тетовската клиника Флорин Бесими, по завчерашниот пожар во модуларната болница.

Тој смета дека после ваков трагичен и немил настан, оваа одлука е неизбежна.

-Истовремено, се надевам дека целосната истрага ќе биде завршена во најкус можен рок и причините за пожарот во Модуларниот центар на Тетовската клиника за пациенти со Covid-19. Мојата оставка нема да ги утеши семејствата, но верувам дека ќе поставам морална линија која сите ние како општество ја заборавивме. Губењето човечки живот во таква држава е голема трагедија, стои во објавата на директорот на социјалните мрежи.

Слични содржини