Директорот на WizzAir: Уживајте уште малку во евтините авиобилети

од desk2
188 прегледи

Основачот на нискобуџетната авиокомпанија WizzAir, Џозеф Варадхи, ги советува клиентите да уживаат во ниските цени на билетите бидејќи нема долго да бидат ефтини.

На конференцијата во Виена изјави дека очекува WizzAir да ја зголеми цената на авио билетите следната година.

“Цените ќе се стабилизираат”, додаде Варадхи.

Од минатата пролет, унгарската авиокомпанија е стационирана на аеродромот во Виена и иако изнајмувањето е скапо, Варадхи вели дека оваа нискобуџетна компанија ќе остане во австрискиот главен град.