Дискотеките бараат реакција од Спасовски: „После 30 години Скопје без ноќен живот“

од Nikola Popovski
213 прегледи

Летниот ноќен клуб „Хавана“ попладнево излезе со реакција откако и на средина на летото, клубовите и дискотеките во Скопје се уште се без лиценца за работа.

-После 30 години Скопје е без ниту една летна дискотека и ноќен живот! Илјадници млади немаат каде да се забавуваат, додека стотици вработени ги загубија своите работни места, велат од „Хавана“.

Дискотеката бара итна реакција од Министерството за внатрешни работи (МВР) и министерот Оливер Спасовски.

-Да се реши овој проблем и да ни дозволат да работиме, стои во реакцијата од „Хавана“.

Министерот за економија Крешник Бектеши денеска потврди дека е запознаен со проблемот со издавање лиценци за угостителите, односно за друштвата кои менаџираат со ноќни клубови и летните дискотеки и истакна дека се чека на добивање позитивно мислење од полицијата.

-Да информиран сум. Во моментот кога ќе добиеме позитивно мислење од страна на МВР согласно процедурата на издавање на лиценци, веднаш истиот ден сите тие угостителски објекти кои ги исполнуваат условите, секако дека ќе ги добијат тие лиценци. Додека немаме мислење од страна на МВР кое е предвидена и со Закон, ние немаме законско право да ги издаваме тие лиценци, информира првиот човек на ресорот економија.

Слични содржини