ДИТ за надзорот во М-НАВ: Кога станува збор за вработен, нерелевантно е чиј роднина е

од Nikola Popovski
306 прегледи

Надзорот во М-НАВ е направен согласно одлуката на Влада, по која е задолжен Државниот инспекторат за труд да изврши инспекциски надзор. Во претходните години немаше ваков надзор, изјави директорката на Државен инспекторат за труд, Весна Томовска.

Прашана дали ќе се прошири истрагата во М-НАВ со оглед на обвинувањата дека таму се вработени роднини на одредени функционери, Томовска посочи кога станува збор за вработен, нерелевантно е чиј роднина е.

-За нас е небитно чиј роднина е. За нас се сите вработени. доколку постои повреда на право од работен однос и незаконита постапка на вработување, во тој случај за нас е поимот вработен и работник. Надзорот се спроведува на начин и постапка согласно законот, кажа Томовска.

Инспекторите од Државниот инспекторат за труд треба да ги соопштат резултатите од инспекцијата за една недела.

Тројца инспектори пред четири дена влегоа во М-НАВ и почнаа со инспекцискиот надзор.

Слични содржини