13
Поранешниот кошаркар Владе Дивац е опериран откако доживеал фрактура на колкот во сообраќајна несреќа што се случи во Црна Гора во четврток.
Според RTCG, поранешниот репрезентативец на Југославија е итно хоспитализиран и поради брзата реакција, спречени се посериозни проблеми, а тој добил вештачки колк.
Несреќата се случила во близина на Луштица, а Дивац не можел да стане откако паднал од својот мотоцикл.