Дивеење на хрватските навивачи во Португалија: Хаос во градот, луѓето бегаат (ВИДЕО)

од Stefanija Kuzmanovska

Навивачите на сплитскиот Хајдук, наводно, предизвикале нереди во вторникот вечерта во португалскиот град Гимараеш, каде фрлале факели, столици и шишиња во кафулињата и улиците.

На објавената снимка може да се види како луѓето стануваат и бегаат од кафулето додека група маскирани, главно облечени во црно навивачи влетуваат, фрлајќи столчиња и факели.

„Хрвати, речиси сите облечени во црно и со маскирани лица, предизвикаа немири во центарот на градот, поради што локалните жители и туристи побегнаа од кафулето“, наведува португалскиот медиум „О Јого“, додавајќи дека во него учествуваа околу 150 навивачи на сплитскиот клуб.

Сето ова е увертира на натпреварот помеѓу Виторија Гимараеш и Хајдук во среда од 17 часот во третото коло од квалификациите за Конференциската лига. Хрватскиот вицепрвак пред една недела победи со 3:1 на домашен терен и е поблиску до следната рунда.

Познато е и дека навивачите на португалскиот тим се многу страсни, но ништо во последните денови не навестуваше дека се можни немири.

Постои можност и меѓу хрватските навивачи да имало и симпатизери на Бенфика, бидејќи тие се во пријателски односи.

Засега нема многу информации освен снимката, а не е утврдена ниту материјалната штета. Исто така, не се знае дали полицијата идентификувала и привела дел од навивачите кои учествувале во нередите.

Слични содржини