Дивеење на навивачи на меч од ЛШ, реагираше и полицијата

од Nikola Popovski
190 прегледи

Средбата меѓу Тотенхем и Олимпик од Марсеј ја одбележа и лудилото на гостинските навивачи, што секако ќе резултира со истрага на францускиот клуб од УЕФА.

Навивачите на Олимпик направија хаос во Лондон кога за време на натпреварот меѓу нивниот тим и Тотенхем во првото коло од Лигата на шампионите, прво фрлаа чаши пиво, а подоцна фрлаа се што можеа кон локалните навивачи.

Прво реагирале редарите, а потоа и полицијата.

Некои од навивачите дури се обиделе да ја прескокнат оградата и да влезат на теренот.

Француските и другите медиуми не го пропуштија присуството на Џои Бартон, кој најпрво се сретна со навивачите на Марсеј во паб, а потоа дојде на трибините да го бодри својот поранешен клуб. Навивачите на Марсеј беа воодушевени, но прашање е како ќе реагираат навивачите на Бристол Роверс, чиј менаџер е Бартон.

Фото: Getty images

 

Слични содржини