Диво Насеље ќе се суди од почеток?

од Vladimir Zorba
75 прегледи

Сточар од Синѓелиќ, службеник во општина Липково, возач, таксист без лиценца, земјоделец градежен работник, невработен и пензионер се групата која била логистика на главните организатори на војната во Диво Насеље.  Оваа група беше уапсена лани во октомври во акција на полицијата наречена молња, објавува Телма.kumanovo divo naselje

За нив обвинителниот акт се уште не е правосилен. Деновиве стигнал во судот и бил испратен до обвинетите. Дел од нив во текот на досегашната истрага зборувале но до сега ниту еден не добил понуда или предлог за спогодба. Доколку овој обвинителен акт биде прифатен тоа значи дека оваа група би требало да биде приклучена на групата на која веќе и се суди,.Ако судот прифати да ги спои двата предмети во тој случај предметот Диво Насеље ќе треба да почне од почеток, а судницата во која се суди ќе биде претесна да ги собере сите обвинети, заклучува Телма

Задача на овие осумина била да го сокријат украденото оружје од караулата Гошинце и да организираат илегално влегување на терористите од Косово во Македонија.

Според обвинението кое се уште не е правосилно во оваа група е Ибрахим Муртезани, познат како командат Харачина и Рагми Љатифи кој бил заменикот на командат Малишева предводник на групата која пукаше на полицијата. Во обвинението пишува дека Љатифи украденото оружје од Гошинце го крие во шума и организира префрлање на групата од Косово во Куманово и сместување во неколку куќи.

Ден пред престрелката со три автомобили обвинетите носат припадници на групата во населбата. Следниот ден на 9-ти мај од куќата на Фадиљ Фејзулаху каде полицијата тргнала со налог за претрес била фрлена рачна бомба и повредени неколкумина полицијаци. Тогаш почнува борбата во која 8 полицајци беа убиени а 37 ранети.

Обвинителството по нивното апсење и чекање за ексрадиција од Србија на еден од обвинетите со докази како што се оружје униформи на УЧК, оптички нишан, мапи куршуми и пушки ги години за тероризам и терористичка организација.

Сведоците се истите оние од случајот Диво Насеље кои се назначени со буква и бројка што значи заштитени и со скриен идентитет за јавноста./Телма