“Диво насеље”: Роднините на убиените полицајци се приклучија на кривичниот прогон

од desk3
88 прегледи

Во Кривичниот суд во Скопје денеска се одржа ново рочиште за случувањата во кумановската „Дива населба“ во мај минатата година. Сведочеа петмина кумановци, сведоци на Јавното обвинителство.

divo-naselje-sudenje

Роднините на осумтемина убиени полицајци се појавија на денешното судење. Тие изјавија дека се приклучуваат на кривичниот прогон на обвинетите и оти во граѓанска постапка ќе бараат отштета за смртта на нивните сакани.

Тензично во ПЦ Табановце , бегалците најавија штрајкови и блокади

Како и на претходните рочишта, така и на денешното имаше силно полициско обезбедување околу судот. Продолжението на судењето за „Дива населба“ е закажано за 22 март.

Во случајот „Дива населба“ се обвинети вкупно 29 лица за тероризам и терористичко организирање за случувањата од 9 и 10 мај во кумановско. Во престрелката загинаа осум полицајци од специјалните и посебните единици на МВР, додека четириесетина беа тешко повредени. Убиени беа и десет лица од вооружената група./МИА