Судскиот процес против 29 мината обвинети за настаните во кумановската населба Диво Насеље продололжува утре. 
Тие се товарат за тероризам и терористичко организирање, за случувањата од 9 мај минатата година кога беа убиени 8 припадници на полициските единици, а 37 беа повредени, додека во акцијата беа убиени и 10 припадници на вооружената група.
Судскиот процес започна вчера , а на почетокот на судењето одбраната побара случајот да биде превземен од Специјалното јавно обвинителство, на што судијата рече дека предметот ќе биде предаден на ова обвинителство доколку од истото пристигне такво барање до судот.
Рауфи: Со Диво Насеље требаше да се дефокусира јавноста од „бомбите“
Обвинителството соопшти дека располага со доказен матиерјал со кој ќе докаже дека 29мината се виновни за тероризам и терористичко организирање.
Одбраната, пак го негира настанот и случувањата, но тврди дека во обвинителниот акт нема никаков доказ за тероризам и дека во него недостасуваат важни детални описи на кривичното дело.