ДИЖС: Отстранета бетонската база што го загадуваше с. Ржаничино и околината

од Берта Китинска
297 прегледи

Инспектор од Државниот инспекторат за животна средина по претставка на граѓани и на барање на општината Петровец, која нема овластен инспектор за животна средина, во неколку наврати во текот на месец март изврши надзор во бетонската база АРАДИКО КОП ДООЕЛ, с. Р’жаничино.

-Бетонската база работела врз основа на Елаборат за заштита на животната средина, што Министерството за животна средина го одобрилза проектна документација со предвиден силос за цемент со волумен до 50м3. Но, базата работела со два силоси од по 50 тони, за кој капацитет било неопходно издавање на Б интегрирана еколошка дозвола, што не била обезбедена. Покрај функционирањето без соодветна дозвола, од базата и од тешките товарни возила се ослободувале емисии во воздухот, бучава и вибрации. Дополнително, вишокот на бетон од цистерните се исфрлал во река.По утврдувањето на незаконското работење, извршено е отстранување на бетонската база од локацијата и чистење на реката, како резултат на инспекциската постапка.Домаќинствата од блиската населба може да здивнат заради отстранувањето на овој загадувач што долги години бил причина за нарушување на нивното здравје и квалитет на живот, информираат од Државниот инспекторат.

Слични содржини