ДИЖС со засилени патроли покрај депонијата Вардариште

од Nikola Popovski
322 прегледи

Државниот инспекторат за животна средина објави денеска дека спровеле заеднички акции со Инспекторат на град Скопје и МВР, со цел спречување на палење кабли и гуми покрај реката Вардар.

„Договорени се засилени патроли и интервентни акции по пријави на граѓани. Ги охрабруваме граѓаните, штом се јави чад – веднаш да пријават загадување преку Месинџер на Фејсбук страната на Државниот инспекторат за животна средина. Само заеднички можеме да делуваме за зачувување на животната средина“, стои во објавата на ДИЖС.