Џафери: Австрија има водечка улога во странските инвестиции во земјава

од Nikola Popovski
211 прегледи

Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Талат Џафери се сретна со новоименуваниот амбасадор на Република Австрија г. Мартин Памер.

На почетокот на средбата Претседателот Џафери му посака добредојде на гостинот од Австрија и му посака успешен мандат, како продолжение на развојот на одличните и пријателски билатерални односи. Претседателот Џафери се осврна на добрата динамика на возвратни посети и средби на сите нивоа меѓу двете држави, како и водечката улога на Австрија во странските инвестиции во нашата земја.

Претседателот Џафери го информираше амбасадорот за процесот на уставни измени кој треба да се заокружи до ноември ова година, со цел да започнување на преговорите за членство во Европската Унија по поглавја и кластери. Во овој контекст претседателот Џафери искажа благодарност за постојаната поддршка од страна на Австрија за евроинтеграцискиот пат на Република Северна Македонија, како и за поддршката при одржување на Првата Меѓувладина конференција. Џафери го нагласи успешното претседавање со ОБСЕ под мотото „ За луѓето се работи“, како и претстојното претседавање со Процесот за соработка во Југоисточна Европа.

Амбасадорот Памер го изрази своето задоволство со одличните билатерални односи и нагласи дека постои голем потенцијал за проширување областите на економијата и туризмот имајќи го предвид потенцијалот на земјата. Амбасадорот подвлече дека Република Австрија останува силен поддржувач на нашата држава во однос на интеграцијата во Европската Унија, но и во сите сфери од заеднички интерес.

Соговорниците разменија и мислења за актуелната политичка состојба во државата и изразија подготвеност за понатамошни средби и отворена соработка.

Слични содржини