Новиот премиер Христијан Мицкоски денеска официјално ќе го започне својот мандат. Тој во 10 часот , во Владата ќе ја преземе функцијата од досегашниот технички претседател на Владата, Талат Џафери.
По пристигнувањето во зградата на Владата, како што најавуваат владините прес-служби, сè уште актуелниот и новоизбраниот премиер ќе имаат кратка средба.
Церемонии за примопредавање на функциите ќе има и во министерствата меѓу актуелните министри во техничката Влада и новоизбраните министри.
Собранието доцна синоќа ја изгласа новата влада. Со 77 гласа „за“ и 22 „против“, по долга и жестока дебата која траеше два дена, пратениците денеска го изгласаа 13-от премиер на 20-та македонска влада.
Премиерот Мицкоски заклетвата ја даде со уставното име. Два дена се одвиваше жестока дебата, а пред гласањето Европскиот фронт ја напушти седницата.
Новата влада брои 24 члена. Покрај премиерот, има уште 23 вицепремиери и министри, од кои 20 со ресор. Пет заменици односно вицепремиери, а еден од нив е „прв вицепремиер“.
Во пресрет на изборот на новата Влада, новиот премиер во улога на пратеник до Собранието предложи законски измени со кои се воведоа нови и реорганизираа дел од постоечките министерства.