И во други случаи можам да ја прекинам седницата, доколку оценам. Јас броев и пред пратениците и пред прописите. Не мешајте колку денови треба. Тоа се различни работи. Тек е седница е додека трае и кога ќе заврши. Претседателот може да ја прекине седницата доколку нема кворум и за ситуации кога тој ќе оцени дека треба да се прекине, рече претседателот на Собранието, Талат Џафери за прекинатата седница, на која треба да се гласаат уставните измени.
Како што вели, негово ексклузивно право е да оцени дали да прекине седница или не и тоа му е наложено со Деловникот.
-Не е небулозно. Не можете да споредите постапка за референдум по однос на прашањето дали да се пристапи кон уставни измени, затоа што иницијативата за референдум е едно, а иницијатива со 10.000 потписи за пристапување кон измена на Уставот е друго, кажа Џафери во емисијата „Вин-вин“.