Процедурата и роковите наложуваат дека десет работни дена трае расправата на пленарна седница за уставните измени. Чинот на гласање не е врзано со последниот ден, така да треба да се има јасност за постапките. Собранието одлучува доколку има потребно мнозинство. Во тие рамки не можам да претпоставам што ќе се случува, рече претседателот на Собранието, Талат Џафери за влегувањето на уставните измени во Парламентот.
Џафери информира дека формално од 1-ви август пратениците се на одмор, при што на 18-ти имаат обврска да дојдат.
Според собранискиот спикер, се зависи од моменталната состојба, односно ако на 18-ти август има 80 пратеници ќе се гласа истиот ден, ако на 30-ти ноември има 80 пратеници, тогаш ќе се гласа за уставните измени.
Тоа е став на интерпретација, ѝ рече Џафери на новинарката која му постави прашање.