Поранешниот претседател на Собранието, Талат Џафери ги демантираше обвинувањата нa директорот на Службата за општи и заеднички работи, Ивица Томовски, дека го злоупотребил владиниот авион.
Како што објаснил во изјава за ТВ21, Собранието првично побарало да се пушти во употреба официјалниот авион на Владата, но една недела пред летот биле известени дека летот не може да се изврши.
-Тогаш Собранието ја разгледа можноста за комерцијален лет до Будимпешта, но поради високите цени на билетите решија да патуваат со автомобил. Потоа, еден ден пред полетувањето, генералните служби објавија дека авионот е подготвен и достапен за лет, посочил Џафери.
Како што додал екс-спикерот, не можел да го доведе во опасност ниту својот ниту животот на другите.
-Најголемата небулоза е тоа што увидуваат дека на мое барање, од наводни коалициски причини, инсистирано е по секоја цена авионот да се врати и да се користи. Кој е човекот што ќе се стави себеси на прво место во опасност, знаејќи дека авионот не е во употреба, и сите други. На крајот на краиштата, тоа прашање е дополнителната надлежност на оние кои летаат како функционери. Ако пилотите кажат дека не може да се лета, нема сила која може да му нареди на пилотот да полета. Тоа се клевети кои само директорот знае зошто ги направил, рече меѓу другото Џафери.
Томовски вчера изјави дека имало обид за злоупотреби, но и злоупотреба со користењето на владиниот авион од страна на членови на претходната Влада. Според него, екс-вицепремиерот за европски прашања, Бојан Маричиќ го побарал авионот за да „лета од Скопје до Ниш“.
-Поекономично, побрзо, попрактично е да отпатувате до Ниш со возило отколку со авион. За среќа е одбиен од службата. Има и класична злоупотреба од страна на Талат Џафери.Во минатото, нашите пилоти го носат авионот на вонреден сервис во Нирнберг и додека трае тоа, тие земаат карти за да отпатуваат во САД, каде што двапати годишно одат на симултант што е законски. За да не губат од работните денови, додека е на сервис авионот, тие заминуваат таму, но тогаш претходното раководство се јавува и вели под итно морате да се вратите во Македонија. Пилотот вика расклопен е, не може, не е практично… Им велат не, морате да се вратите оти може да ни се распадне коалицијата, рече Томовски во емисијата „Дејли клик“.