738
Попладнево шефот на државата, Стево Пендаровски му го врачи мандатот на Талат Џафери, кој ќе биде мандатар на нова техничка влада.
Претходно, на денешната 139-та седница во Собранието беа констатирани оставките на премиерот Димитар Ковачевски и на претседателот на Собранието, додека Јован Митрески е избран за нов спикер на законодавниот дом.
Техничкиот мандатар во сабота ќе достави програма и состав на Влада до Собранието.
Составот на техничката Влада е веќе познат откако политичките партии ги објавија предлозите за министри и за дополнителни заменици министри.
Техничката влада треба да биде избрана и изгласана до недела на полноќ. Се уште е неизвесно дали ВМРО-ДПМНЕ ќе ја поддржи владата, во која ќе има свои претставници.