Џафери: Горд сум што С. Македонија е ценет член и активно придонесува во НАТО

од Nikola Popovski
138 прегледи

Успеавме да го заземеме своето место меѓу сојузниците и да сме почитувана членка поради нашата посветеност и принципиелност, изјави техничкиот премиер Талат Џафери по повод 4-годишнината од членството во НАТО. Тој на денешната свечена седница на Владата рече дека е „горд што се обраќа како премиер на држава која повеќе не сонува за оваа стратешка цел, туку активно придонесува и е ценет член на најмоќната одбранбена алијанса во светот“.

За Џафери, денот кога станавме членка на НАТО е еден од најсветлите денови во нашата историја.

-Верувам дека сите граѓани се горди на глетката како знамето на С. Македонија се развиорува пред седиштето на НАТО во Брисел. Горд сум што испишавме таква историја. Живееме во стабилност и извесност, туку сме и фактор на стабилноста на Западен Балкан. Денеска ние сме НАТО, рече меѓу другото премиерот.

-Ги гледаме и слушаме ужасите низ светот, но без страв за нас, затоа што знаеме дека НАТО е најсилната безбедносна гаранција. Тоа е доказот дека вредеше секоја направена жртва, додаде Џафери.

Слични содржини