Џафери: Хашките случаи се завршена работа

од Nikola Popovski
323 прегледи

Хашките случаи се завршена работа во контекст на тоа што е законодавството и состојбата во државата, изјави денеска техничкиот премиер, Талат Џафери за предметите кои се амнестираа во 2012 година.

Според него, „тоа е завршена приказна, законот е донесен и заокружени се случаите“.

Темата за хашките случаи доаѓа откако преку писмо до македонската влада, Комесарката за човекови права на Советот на Европа Дуња Мијатовиќ бара да се поништи амнестијата за Хашките случаи и да се истражат досиејата кои што беа трансферирани од Хашкиот трибунал на домашните судови.

По автентичното толкување, се запре постапката за четирите хашки предмети.

„Се ослободуваат од гонење, се запираат кривичните постапки и потполно се ослободуваат од извршување на казната затвор лица за кои постои основано сомнение дека подготвиле или сториле кривични дела поврзани со конфликтот во 2001 година“, стои во толкувањето.

Станува збор за четирите хашки случаи „Водство на ОНА“, „Липковска брана“, „Гробница Непроштено“ и „Мавровски работници“.

Слични содржини