Премиерот Талат Џафери оценува дека изјавата на српскиот претседател Александар Вучиќ дека косовскиот премиер Албин Курти „сака да ги отстрани од власт“ во земјава, ДУИ и нејзиниот лидер Али Ахмети, е „пропаганда чија цел е да им наштети на Албанците во Македонија“.
Џафери пред новинарите во Тетово рече дека изјавите на Вучиќ и другите се дел од „интензивна пропагандна кампања“ што се води од повеќе страни, како во Македонија, така и од странство.
-Божем многу се загрижени за судбината на Али Ахмети и за ДУИ, а во суштина се против колективните интереси на Албанците во државата. Но, граѓаните разбираат на што се однесува душегрижноста на оние што ги даваат тие изјави, рече Џафери, пренесуваат медиумите.
Според него, „и децата знаат дека тоа се прави индиректно, односно предизвикува незадоволство кај ДУИ, а во суштина го попречува она што се проекциите за постигнување на целите утврдени со програмата, како што е присуството, работата и животот на Албанците како колективен народ во Македонија“.
На 29 јануари, претседателот на преодната влада за спроведување на изборите ја презеде премиерската функција во коалициската влада меѓу СДСМ-ДУИ од неговиот претходник Димитар Ковачевски, лидерот на СДСМ.
Парламентарните избори, според договорот на партиите, ќе се одржат на 8 мај заедно со вториот круг од претседателските избори. Првиот круг за избор на претседател ќе биде на 24 април.
-Албин Курти сака да владее и во Северна Македонија, изјавил Вучиќ пред два дена. Во изјава за српските медиуми од Њујорк, тој порачал дека намерата на косовскиот премиер е да ги победи ДУИ и по парламентарните избори да биде дел од власта во земјава.
-Сака да владее и со Северна Македонија. Да, сериозно, сака да ги победи Али Ахмети и ДУИ за да владее во Македонија по мајските избори, кажал српскиот претседател.