Џафери ќе разгледува можни решенија за проблемот со возачките дозволи и патните исправи

од Nikola Popovski
165 прегледи

Ќе се разгледуваат можностите за надминување на проблемите со употреба на возачките дозволи и пасошите чиј рок истекува вечер на полноќ согласно Преспанскиот договор, најави денеска техничкиот премиер Талат Џафери. Во изјава за новинарите во тетовско Селце, нагласи дека можно е некаде да се интервенира со законска измена, а некаде со одлука на Владата.

„Секако дека размислуваме и за законско решение и во текот на денот ќе имаме и соодветна одлука, имајќи предвид дека денеска треба да одам во Собранието поради други обврски. Веќе е искоординирано да имаме заедничка средба, значи со Собранието, со пратениците и евентуални решенија да ги дефинираме како закон, а другиот дел од можните решенија преку одлука на Влада, она што е соодветно и можност да се спроведе и да се изведе, и да ги согледаме сите можности“, изјави Џафери.

Таму кај што е можно продолжение на рокот да се продолжи, таму кај што има потреба од друг вид на одлука и решение да се спроведат други одлуки, рече Џафери.

Слични содржини