Џафери: Македонија е заинтересирана за стабилноста, развојот и просперитетот на БиХ

од Nikola Popovski
161 прегледи

Премиерот Талат Џафери денеска го потврди интересот на Македонија за стабилноста, развојот и просперитетот на Босна и Херцеговина.

Како што соопшти Владата, Џафери ова го рекол на средба со амбасадорот на Босна и Херцеговина во Скопје, Драган Јаќимовиќ.

На средбата, се наведува, биле потврдени блиските односи и севкупно развиената соработка меѓу Северна Македонија и Босна и Херцеговина и биле разменети мислења за актуелната политичка состојба во двете земји.

„Џафери го потврди интересот на Северна Македонија за стабилноста, развојот и просперитетот на Босна и Херцеговина, како и заедничкиот успех во процесот на европска интеграција на двете земји и на регионот во целина“, се вели во соопштението.

Слични содржини