Џафери: Мешањето на Курти во македонските избори го нарушува имиџот на Косово

од Nikola Popovski
586 прегледи

Техничкиот премиер, Талат Џафери денеска изјавил дека мешањето на косовскиот премиер Албин Курти на македонските избори само ќе го наруши имиџот на Косово.

Запрашан колкаво е влијанието од мешањето на Курти во изборите во земјава, Џафери рекол дека тоа е голема штета за Косово, а не за процесите кои се случуваат во Скопје.

Тој додал дека тоа е лична одлука на премиерот на Косово.

„Прашањето не е колку тоа им штети на процесите, прашање е колку го нарушува имиџот на Косово во однос на меѓународните фактори и имиџот на институциите на Приштина во однос на обврските што ги има премиерот. Повеќе штета се нанесува на самото Косово отколку на процесите во Република Северна Македонија. Своето мислење за ова прашање го кажавме неколку пати. Тоа е прашање на лична одлука на премиерот на Косово“, изјавил Џафери за „Факс њуз Албанија“.

Претходно на новинарско прашање зошто се уште не го посетил Косово, Џафери одговорил дека се уште не добил покана и дека „на свадба не се оди без покана“.

Тој додал дека, сепак, нема никакви проблеми во комуникацијата меѓу двете влади.

„Кога одите на свадба, одите со покана. Сеуште не сме добиле покана. Но, не се работи само за поканата, туку за распоредот на обврските. Избори има, но нема никакви пречки во комуникацијата. Личните работи се друго прашање, не мешајте институционални и лични работи“, изјавил Џафери.

Слични содржини